Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе има „сериозни последици“ ако технолошкиот магнат Илон Маск ги финансира демократските кандидати да се борат против републиканците кои ќе го поддржат сеопфатниот Закон за даноци и трошоци.
– Ако го направи тоа, ќе мора да ги сноси последиците. Ќе мора да сноси многу сериозни последици ако го стори тоа – изјави Доналд Трамп во телефонско интервју за NBC News, но одби да открие какви би биле тие последици. Претседателот, исто така, нагласи дека нема желба да ги поправи односите со милијардерот Илон Маск, откако расправијата меѓу двајцата стана јавна.
– Не – рече Трамп на прашањето дали има желба да се смири со Маск.
Запрашан дали мисли дека неговите односи со извршниот директор на Tesla и SpaceX е завршена, Трамп рече: „Претпоставувам дека е така, да“. Трамп рече дека мисли дека Републиканската партија е пообединета од кога било и потврди дека не планира да разговара со Маск во скоро време. Тој го обвини Маск дека покажал „непочитување кон функцијата на претседателот“.
Мислам дека тоа е многу лоша работа. Не можете да не ја почитувате функцијата на претседателот – додаде тој.
Пред два дена Илон Маск го критикуваше Трамп во серија објави на платформата „Х“, вклучително и сега избришаната објава во која тој ја истакна поранешната релација меѓу претседателот Трамп со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн.
На овие обвинувања Трамо изјави: Тоа се вика стара вест. Тоа е стара вест за која се зборува со години. Дури и адвокатот на Епштајн рече дека немам никаква врска со тоа, рече Трамп. Тој истакна дека нема да ги откаже федералните договори со компаниите на Маск.
– Тоа би ми било дозволено, но не размислувам за такво нешто – рече Трамп и изрази сомнеж дека противењето на Маск на контроверзниот закон ќе го загрози неговото усвојување.
Елон Маск стои до американскиот претседател ДОналд Трамп во Овалната соба / Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL
– Републиканската партија никогаш досега не била толку обединета. Всушност, таа е пообединета отколку што беше пред три дена – рече Трамп, додавајќи дека верува дека расправиите ги натерале пратениците да ги видат придобивките од законот.
Доналд Трамп претседател на САД EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL
– Мислам дека Елон всушност ги истакна предностите на законот затоа што луѓето кои не беа толку фокусирани почнаа да се фокусираат на законот и да видат колку е добар. Значи, во таа смисла, тоа беше одлична услуга. Мислам дека е штета што Илон е толку депресивен и со скршено срце – заклучи Трамп.