



Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совладаа Вардар со 32:30 и стигнаа до трофејот.Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17:15, а имаа и пет гола предност (15:10).
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати јавни честитки до играчите, стручниот штаб и управата на клубот, нагласувајќи дека овој успех е резултат на посветеност, страст и љубов кон спортот. Тој ги повика сите граѓани на свечен пречек и голема прослава што ќе се одржи на 8 јуни (сабота) во 20:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.
„Еурофарм Пелистер е нашата гордост. Оваа титула не е само победа во спортот, туку и победа на битолскиот дух. Го покажавме нашето срце, нашата сила и верба“, изјави Коњановски.Како дополнителен знак на благодарност, градоначалникот најави дека на следната седница на Советот ќе предложи финансиска награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за нивниот успех и за достоинственото претставување на Битола во државата и надвор од неа.