Оттаму велат дека овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација.
– По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции. ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација. ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата – велат од партијата.