Во извештајот не се наведува како Иран дошол до овие документи, ниту се открива нивната точна содржина.
„Разузнавачките служби на Исламската Република Иран прибавија голем број стратегиски и чувствителни информации и документи поврзани со Израел, вклучувајќи илјадници документи за нуклеарни проекти и постројки“, се наведува во кусото соопштение.
Овие тврдења доаѓаат во контекст на засилени тензии околу иранската нуклеарна програма, која израелските власти ја сметаат за егзистенцијална закана. Според западните земји, предводени од САД, и Израел – кој се смета за единствена нуклеарна сила на Блискиот Исток – Иран има амбиции да развие нуклеарно оружје, иако Техеран тоа упорно го негира, тврдејќи дека програмата е наменета исклучиво за мирољубиви цели.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќепати изјави дека е подготвен за воена интервенција против иранските нуклеарни капацитети.Иран и Израел веќе подолго време водат скриена војна, при што Техеран редовно апси осомничени шпиони, а Израел е обвинет за атентати и саботажи поврзани со иранската нуклеарна програма.
Минатата година, Иран двапати лансираше ракети и дронови кон израелска територија – нешто што ретко се случуваше претходно – тврдејќи дека тоа е одмазда за израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија.Техеран најави и одмазда за убиството на поранешниот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, на иранска територија, за што Израел ја презеде одговорност, како и за смртта на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад во Либан.