Владата на Велика Британија објави план за вложување од 86 милијарди фунти, околу 100 милијарди евра во науката, иновациите и одбраната до 2030 година. Според официјалното соопштение од Владата, финансиските средства ќе бидат распределени во клучните области од интерес за населението – здравјето, сигурноста и економијата. Оваа инвестиција треба да поттикне побрз прогрес во најпросперитетните домени како што се технологијата, науката и националната безбедност.
Покрај тоа, ќе бидат одвоени 30 милијарди фунти за зајакнување на националниот здравствен систем, кој се бори со сериозни предизвици.
Се очекува идната недела Владата да ги претстави насоките на буџетот, кои исто така предвидуваат намалување на социјалните програми и административните расходи. Овие најавени мерки веќе предизвикаа протести во Лондон.