На селекторската позиција за овој дуел ќе биде Роберт Стојановски, првиот помошник на Благоја Милевски, кој истакна и дека не очекува Македонија да има проблеми на вештачката трева.






Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одработи официјалниот тренинг на стадионот во Астана, каде утре од 16:00 часот ќе ги одмери силите со селекцијата на Казахстан.По одржаната прес-конференција, македонските репрезентативци имаа можност да ја тестираат вештачката подлога на која ќе се игра утрешниот натпревар, фактор што би можел да влијае врз играта, но според стручниот штаб, не и пресудно.
На селекторската позиција за овој дуел ќе биде Роберт Стојановски, првиот помошник на Благоја Милевски, кој истакна и дека не очекува Македонија да има проблеми на вештачката трева.