Добро вечер за енергијата на времето кое доаѓа, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ,Добровечер и добредојдовте на овој спектакуларен настан. Ви благодарам од срце.Почитувани членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕДраги браќа и сестри,
Секогаш со посебна инспирација и чувство на почит и емпатија говорам на настаните на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тука е цветот на младоста. Многу млади луѓе со силни амбиции, различни погледи, многу желби и идеи, но само еден мотив кој води низ сите премрежја, низ сите бури и искушенија – тоа е желбата да изградиме иднина за генерациите кои следат, заедничката иднина тука во нашата татковина Македонија.
Нема член на партијата кој нема силно изразено чувство на припадност кон Унијата на млади сили, затоа што тука сме растеле, тука сме созревале, тоа е едно заедничко семејство за кои многумина од нас било местото на првите чекори во политиката, првите ангажмани, првите дебати, првите политички акции. Ви благодарам УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Од тука се почнувало, тука созревале многу млади потенцијали, кои подоцна се реализирале во заедничките цели. И кога гледам колку многу денеска ве има, колку само енергија давате, знам дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ имаат иднина.
Заедно еден голем аплауз за иднината на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Од мое име и од името на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ви благодарам што го чувате огнот на Македонија, ги продолжувате приказните и идеите на се она на што се темели нашата партија, и тоа не се само основачите од деведесеттите кои длабоко ги почитуваме, туку и идеите на илинденците кон кои секогаш сме се поклонувале, тука се и идеите и заветот на многу големи умови на македонското револуционерно дело, кои ја создавале и се бореле за оваа наша заедничка македонска држава, кои со чест и дело се жртвувале за идеали, за нашата слобода, нашето право на самоопределување, во тешки и невозможни услови, кои никогаш не се откажувале, не затоа што било лесно, туку затоа што верувале и кога многумина се откажувале, и затоа што пишувале историја тогаш и кога ги негирале. Имале визија, ум и непоколеблива храброст. И никогаш без разлика на предизвиците тие не се откажале.
Денес имаме битки кои мораме самите да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги извојуваме. Повеќе од 30-тина години, за жал, политичарите во Македонија никогаш отворено и вистински не говореа за младите, за тоа што е потребно да направиме за да тие вистински бидат среќни. Но, и никогаш не ги слушаа што тие имаа да порачаат, што тие кажуваа и тогаш кога на многу од недостатоците укажуваа. Најголемиот неуспех на една држава се случува кога ќе згаснува жарот на младоста, кога младите ќе се уморат долго чекајќи да бидат слушнати и никогаш нема да дојде нивното време. Тоа што денес младите, а и во минатото си одат не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле.
Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат. И ова не е неуспех на индивидуа на еден човек, или само на една генерација кои воделе политика во Македонија, туку заедничко потфрлање на сите до сега, кои не посветија внимание на младите, кои систематски со неспособност, криминал и корупција го уништуваа системот. Кој не дозволија сонот да стане реалност. Кои секоја желба и мотив ја разградуваа со колективните грабежи, со рушење на системот, со некадарност и грубо префрлање на вината. Загубените генерации не потсетуваат на времето на не-делата што ги направија, и затоа кога зборувам за тоа што наследивме, тие кои не доведоа до тука не им се слуша се прават на глуви. Но во исто време знам дека народот е уморен од изговори, од меѓусебно префрлање на вината и одбегнување на одговорност за работите кои се заеднички важни.
Работите можеме да ги смениме само и само доколку отворено пристапуваме и отворено разговараме. А потоа заеднички да се бориме. Затоа денес, секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме со ова работа, изминативе помалку од една година дека можело поинаку. Никогаш не ветував чуда, тоа се невозможни работи, а јас не велев за себе дека сум чудотворец. Но затоа, ветував дека беспоштедно и максимално се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. Мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта која постепено се враќа и тоа што го кажа претседателот на УМС, Сергеј Попов, денеска повеќе не зборуваме за предавства, зборуваме за горда, достоинствена Македонија која што секаде во светот без разлика дали е тоа Вашингтон, Брисел, Лондон или Париз е дочекувана со достоинство и почит.
И сакам да порачам, сите да знаеме и да имаме на ум, дека денес не повикувам само да се надевате. Повикувам сите млади да се вклучите. Да се борите. Да се исправите. Затоа што никој нема да ни ја даде иднината на тацна – ќе мора сами да ја изградиме, тула по тула, борба по борба, ден по ден.Вие младите не сте само иднината на оваа држава — вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред. Не со страв, туку со идеи. Не со поделби, туку со заедништво.
Затоа сакам денес да ви порачам: останете тука. Борете се тука. Градете тука. Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех.Ние, што денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем.
Еве го нашиот предизвик: да не дозволиме татковината да остане заглавена во стари приказни. Да создадеме нова приказна — ваша приказна. Приказна на успех, знаење, правда и слобода.Младите на Македонија — вие сте тие што можат да ја променат оваа земја.
Вие сте тие што ќе ја направат подобра. Не постои сила што може да ве запре кога верувате во себе и кога дејствувате заедно.
Затоа, Македонија мора да успее. И ќе успее. Јас ви го ветувам тоа. Заедно ќе направиме Македонија да успее.Надежта, драги браќа и сестри, сте вие, вие младите. И ова е нашата заедничка задача. Македонија ја исправаме и даваме резултати. Нив можете да ги видите на патиштата кои ги градиме, во болниците кои ги реконструираме, во школите и градинките кои ги отвораме и почнуваме да ги градиме, во фабриките и инвестициите кои ги носиме.
Затоа што се што правиме во оваа без малку една година е да не биде како оној познатиот принцип како до сега. И затоа што тие кои сега се нудат како опција, длабоко во себе знаете дека не се опција, туку враќање назад.И кога истите тие ќе речат што направивте, државата не е на правиот пат, патот по кој Македонија ја водевте беше пат на инфлација, стагнација и грабеж, срам предавства, недостоинство и неморал . Затоа што денес станавме држава во која што направивме многу повеќе од сите оние години кои што тие залудно ги потрошија.
Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа, за да денеска можеме со гордост да кажеме, дека растот во првиот картал од оваа година е 3,2%. Не е доволно. Ќе работиме и повеќе. Да надминеме од 4-6%. Факт е дек сме во првите 4 економии по растот на БДП во Европа, и први во регионот, на балканот први.
Од последни во Европа по странски инвестиции, минатата година која што беше половина наша година, од наша влада, ја завршивме со рекордно ниво на директни странски инвестиции, од милијарда 255 милиони евра што ја прави државата прва во Европа, по странски инвестиции по глава на жител. Тоа значи прва во регионот, од последни- први за само шест месеци.
Сетете се само на двоцифрените бројки на инфлација. 18-20-22-23 проценти инфлација. За да денес, во март објавиме ниво на инфлација од 2,7% едно од најниските во Европа. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците 9 – 10 проценти на годишно ниво. индустриското производство кое што беше длабоко во минус, денес во март изнесува 5.2 проценти и е најголемо индустриско производство, раст на индустриско производство, не само во регионот туку и во Европа. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се ако кажат оние од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи, денес има работа, пот , одговорност и посветеност. Тоа е оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се реновираат, кои се градат. И најавувам изградба на еден таков, нов студентски дом во Штип, по склопот на новата зграда на медицинскиот факултет, по склопот на новиот клинички центар, кој што е го почнеме како резултат на Договорот а стратешко партнерство со Велика Британија, 200 нови најмодерни најсовремени легла за нашите млади, за нашите студенти, за идните доктори.
Од срамни и штетни, предавнички договори до договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.Од одземена и обезличена држава до држава која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори.Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, кога артановци и разноразни зечевичи од државата имаа свој пашалак. Македонија денеска е исправена и победува. Македонија повторно припаѓа на народот. Ова е ново време. Ова е времето на Македонија.
Драги пријатели,Следуваат избори во кои што едно е јасно. На помалку од 4 месеци од почетокот, официјалниот почеток на кампањата, едно е јасно дека, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат. Повторно испишуваме историја.
Ако на изборите во 2021 година, на локалните избори во 2021 година испишавме историја, и прв пат од позиција на опозиција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остварија убедлива победа, остварија повеќе од 40 градоначалници, кои што достоинствено чесно, ја работат последната годината од својот мандат. Да им дадеме еден голем аплауз за поддршката која што ја даваат за младите, за она што го сработија во своите општини.
После историски значајната минатогодишна мајска победа, на претседателските и парламентарните избори во кои што една од најважните улоги имаше УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Ве очекува уште една важна победа на следните локални избори. Ајде сите заедно да испишеме повторно историја. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, да победат во историски најголем број општини во Македонија. Тоа е сега нашата цел.
Ги слушам од опозицијата како велат дека СДСМ ги градела темелите на Македонија. Сакам од овде, од Велес, од овој величенствен настан, да ги прашам: Кои темели ги градевте вие? Дали оние темели кога во времето на транзицијата, ја ограбивте, опустошивте Македонија. Кога нашите родители губеа работа, кога со тажни чела и погледи не гледаа кога се враќаа од работа дома, затоа што имаа неизвесна егзистенција за себе и за своите семејства. Дали на тие темели зборувавте кога ја опустошувавте Македонија, кога стотици илјади македонски граѓани останаа без работа? Или пак, на оние темели кога го менувавте името, кога го менувавте знамето, и го прифаќавте оној срамен договор, со Бугарија, ставајќи ја Македонија во подредена улога? На тие ли темели зборувате?
Уплашени се драги пријатели, уплашени се затоа што знаат дека оваа генерација, оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ и коалицијта во изминатите година дена не цели, врати голем дел од позициите на меѓународен план, тоа што овие од СДСМ го продадоа. И денеска, со гордост ја раскажуваме нашата приказна за Македонија и во Минхен, победуваме и во Берлин и во Лондон и во Брисел, и Вашингтон зборуваме за нашата Македонија. Тоа ги боли. Затоа што се кукавици, затоа што знаат што направија и затоа што знаат какви шајки коваа на рацете на македонскиот идентитет. А ние го враќаме, тоа го враќаме. Ќе се броиме целосно да го вратиме, не знам дали ќе успее оваа генерација, но знам , дека ќе оставиме на вас на генерациите кои што доаѓаат, подлога да сето ова кои што овие од СДСМ го распродадоа, достоинствено со крената глава гордо го вратите, за Македонија и македонските граѓани.
Позади нас се денови кога се боревме во Брисел, да биде усвоена резолуцијата со која што се зборува за прв пат од осамостојувањето на нашата татковина, за посебен македонски вековен идентитет. За посебен, македонски јазик. За наследство ко што е со векови старо. Кога не гледаа како се бориме, молеа бога да не успееме, кога гледаа како аргументираме, како на маса ја добиваме битката се молеа да не успееме. Им олесна, кога бриселските политичари одлучија извештајот да го поместат наместо пред неколку дена на 24 јуни овој месеци. Но нема бегање. Тој извештај ќе биде усвоен затоа што цела Европа и Брисел знаат за вековниот посебен македонски идентитет. И тоа ќе го поддржат, за македонскиот јазик кој што е факт.
Но, тие што правеа мислејќи дека се што ќе им биде оставено на маса, ако го потпишат ќ0е останат на власт, или пак, ако се поддаваат дека ако евентуално имаат повторно можност да ја формираат владата дека тие се ќе прифатат. Не само диктати, се што ќе им виде ставено на маса, само дајте ни 5 минути власт. Тоа е политиката на СДСМ и коалицијата која што ја предводи СДСМ. Без вредности, без етика, национално исплакнати, луѓе кои што само материјалното, парите и моќта ги интересираат. Но, овој пат, Европа слушна вистинската вистината за Македонскиот идентитет, овој пат Европа е свесна и нема бегање. Овој пат, Европа во својот извештај ќе го вклучи посебниот македонски идентитет. Колку и да овие од опозицијата да се подаваат дека немало потреба, дека немало потреба дека тие кога е дошле ќе прифателе се што им било ставено на маса, па дури ако треба и од македонци да ги избришеле. Само да има нови фабрики за марихуана. Само да има тендери. Само да има грабеж и пљачка. Тоа беше, драги пријатели, тажната вистина која што Македонија ја живееше 7 години. Порази ограбување, опустошување, срам. Тоа се карактерните особини на денешната опозиција. И кога ќе ги видите и едните и другите и третите како заедно не напаѓаат, тогаш бидете сигурни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и оваа влада се на правиот пат на патот заедно со народот. Тоа е патот на иднината.
Втората тема за која сакам да зборувам се условно кажано барањата од страна на ДУИ за предвремени парламентарни избори. Јас навистина не знам која е целта дали вистински веруваат во тоа или пак тоа е некаков вид естрада и парада пред нивните гласачи и пред нивните поддржувачи. Но, едно е јасно, пред изборите ветивме дека оваа Влада нема место за ова ДУИ вакво какво што е. За ДУИ коешто е нереформирано, ДУИ коешто имаше можност 23 години да покаже и да докаже со каков капацитет располага. И тоа го исполнивме и тоа како да постепено се заборава, дека тоа што го ветуваме ние го исполнуваме. Затоа сакам да кажам дека следните избори и овие локалните но и следните парламентарни две основни работи ќе бидат важни, првата ќе биде борбата против криминалот и корупцијата и втората е испорака на реформи, ниту СДСМ ниту ДУИ ниту било кој од опозицијата има капацитет и за борба против криминалот и корупцијата и за испорака со реформи. Кажете ми која реформа ја испорачаа од ДУИ и од СДСМ, дали се сеќавате на една реформа којашто тие ја испорачаа, јас не можам да се сетам. Ако е реформа оние сега пропаднати фабрики за марихуана, фудбалчиња на црвените персиски килими, распродажба на се што со крв е платено од генерациите пред нас, тогаш да, им признавам направија реформи. Но тоа не е реформа, тоа е срам и ако играат на картата на кратко помнење на народот се лажат. Народот точно знае што правеше СДСМ и ДУИ изминатите седум години и нема да има повеќе простор и нема да има повеќе шанса.
Третата работа за која сакам да зборувам, третата работа драги господа е некрофилијата во СДСМ. Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така по ред во духот на локалните избори. Паралелно со ова што тие го говорат тече и прекинот суд на прес-конференции на СДСМ, повторуваат како папагали Христијан Мицкоски, Христијан Мицкоски, Христијан Мицкоски да си одел, пак Христијан Мицкоски да си одел. Во ред и да ги слушаме што зборуваат, само ќе ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата на малата Тамара, се сеќавате ли на трагедијата Мартин Нешковски, се сеќавате ли на жртвите од Смилковското езеро, се сеќавате ли дека истите овие луѓе, ветуваа правда, ветуваа мир, ја злоупотребуваа на некрофилски начин и тогаш и денес трагедијата на родителите и блиските на семејствата. Што добија? Тие станаа милионери, а вистината и тогаш и денес беше таа дека единствената политичка и владина опција којашто прави и сочувствува и сака да направи е Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили, кои повторно на човечката судбина манипулираат и се обидуваат да се вратат на власт.
Јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија, во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста.
Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани и ова го работам заедно со канцеларијата на Европската Унија. Со тоа што историски, епски, драматично ќе го видоизмениме изгледот на подобро, на градот Кочани. Деталите за овој проект на кој интензивно работам очекувам многу скоро од денеска да бидат соопштени на македонската јавност, нормално откако ќе бидат финализирани сите детали.
Драги пријатели, Сосема извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и дека има шанси СДСМ да остане и без ниту една освоена општина. Тоа за мене потврда за огромната поддршка од народот, но и огромна одговорност што значи дека мора да се има отчетност, да не се заборават вредностите кои ги имаме и ветивме на народот. Но и да се продолжи да се работи со несмалено темпо. Обврската која ја добивме од граѓаните пред се значи одговорност, која не се гледа само во начинот на кој се води политиката, туку и според начинот на кој се однесуваме во секојдневието. Секој еден функционер треба да има на ум дека народот живее тешко и дека мора одговорно да се однесува секој од владата кон секој еден народен денар со кој управуваме.
Не смееме да го разочараме народот кој во нас гледа надеж, за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина, затоа што ветивме работа и знам колку посветуваме внимание и го слушаме народот и знам дека мора да правиме разлика од се она што беше порано. Не смее во ниту еден момент да се заборави на народот, мора да останете сервис и на услуга на народот постојано, и само така ќе бидете гордост и на базата на партијата, и на сите кои трчале, макотрпно работеле да бидеме она што сме сега, убедливо најголемата политичка сила во Македонија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ!
Најскапото нешто што еден човек може да го остави е чистиот образ и честа на светото име и дело по кој се препознава. Тоа треба да го запамети секој еден кој денес управува со државата.Сите ние денес стоиме на темелите што ги граделе нашите предци. Темели изградени од жртва, од пот, од соништа што се претвориле во химна. Земја што многумина ја пееле, ја бранеле и ја сакале.
Македонија не е само географија. Македонија е идеја. Македонија е вера во утрешниот ден. Македонија е зрак што не се гаси.На оваа раскрсница од нашата историја, имаме одговорност што не смееме да ја избегнеме. Да изградиме Македонија што ќе биде праведна, силна и успешна држава. Македонија што нема да биде заложник на стравот и апатијата, туку двигател на надежта и напредокот.Во овој момент, не ни е дозволено да се двоумиме. Потребна ни е јасна визија и цврста волја. Потребно ни е обединување околу темелните вредности: демократија, слобода, правда и достоинство.
Ги гледам младите на оваа земја. Во нивните очи гледам амбиција. Во нивните срца — неискажана љубов кон татковината. Тие се нашата иднина. Тие се нашата најголема надеж.Но, надежта сама по себе не е доволна. Генерацијата којашто сега води, е должна да создадеме држава во која нема да заминуваат со куфери на аеродромите, туку ќе остануваат со проекти, соништa и ентузијазам.
Затоа, нека ни биде јасно: Македонија мора да успее! Не смееме да прифатиме ништо помалку. Не за нас, туку за нив — за младите што доаѓаат.Ќе завршам со зборовите на еден од големите сонувачи за подобар свет, Хавел:„Надежта не е убедување дека сè ќе заврши добро, туку сигурност дека нешто има смисла, без оглед како ќе заврши.“И како што рекол Винстон Черчил:
„Успехот не е конечен. Неуспехот не е фатален. Важна е само храброста да се продолжи понатаму.“Да продолжиме понатаму. Храбро. Одлучно. За држава што ќе ја водиме кон успех.Оваа генерација нема да чека!Оваа генерација нема да моли!Оваа генерација ќе се бори — и ќе победи!Македонија мора да успее — и ќе успее!Нека чуе цела земја: Македонија е победата!Да живее ВМРО-ДПМНЕ!Бог да ни ја благослови Македонија!