Репрезентацијата на Португалија го освои четвртото издание на Лигата на нации на УЕФА, откако во драматичен финиш по пенали ја совлада Шпанија со 5-3. По регуларните 90 минути и дополнителните 30, резултатот беше 2-2, а херој на пенал-рулетот беше голманот Диого Коста.
Клучниот момент дојде во пенал-серијата. Осум од деветте удари беа прецизни, единствен кој не успеа да погоди беше Алваро Мората, кој влезе во 111. минута токму за изведување пенал, но неговиот обид беше прочитан и одбранет од Коста. Со ова, Португалија ја освои својата втора титула во Лигата на нации, израмнувајќи се со Франција, додека Шпанија остана на една.