Во округот Кофи, во Тенеси, се урна авион со околу 20 лица. Некои од повредените патници беа префрлени со хеликоптер во блиската болница и според првичните извештаи, немаше жртви. Несреќата се случила во близина на регионалниот аеродром Тулахома, а според првичните информации, станува збор за авион за падобранци. Според полицискиот извештај, несреќата се случила околу 12:15 часот. Авионот се урна во близина на аеродромот, а локалните власти и службите за итни случаи веднаш реагираа на местото на настанот.
Шест лица се префрлени во болници со хеликоптер, додека други беа прегледани на лице место.