Тој е обвинет дека преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Според обвинението тој со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.
Власта пред неколку месеци спроведе масовна акција и ги тресеше фирмите на Струмичкиот бизнисмен а во акцијата лично учествуваше и министерката за финансии Кочовска. Претресот го спроведуваше бројна полициска екипа која упарна во познатиот хотел Парк во Струмица кој е во сопственост на Крмзов. Медиумит блиски до власта објавија дека меѓу големата заплена биле и скапоцени камења за кои подоцна се испостави дека биле делови од лустерите во хотелот.
Во таа акција не беше уапсен никој и од тогаш само бизнисменот Крмзов излезе во јавност во емисијата Код на тв Телма кој негираше дека во неговото работење правел криминал и беше посочено дека зад целата оваа акција и полициски упад на чело со министерката Кочовска се криел наводно обид да му биде преземен бизнисот од лице во роднински врски од врвот на ВМРО ДПМНЕ бизнисмен од Струмица.Во случајот „Крмзов„ опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички.