Несреќа што потсетува на неговиот претходник, Џо Бајден, го одбележа заминувањето на Доналд Трамп од Њу Џерси во неделата попладне. Како што се гледа во видеото, американскиот претседател се сопна на скалите на „Ер Форс Уан“ и мораше да се држи за оградата за да не падне.
Малку претходно, американскиот претседател се осврна на ситуацијата во Лос Анџелес, зборувајќи за „насилни луѓе“ кои предизвикуваат инциденти, изјавувајќи дека „нема да им дозволиме да се извлечат неказнето“. Трамп беше прашан и дали ќе го активира Законот за бунт, а тој одговори дека „тоа ќе зависи од тоа дали ќе има бунт или не“.
„Ќе имаме сили насекаде, нема да дозволиме тоа да се случи во нашата земја, нема да дозволиме земјата да биде растргната“, додаде Трамп, кој не ја исклучи можноста за испраќање маринци во Лос Анџелес: „Доколку забележиме опасност за земјата, за граѓаните, ќе бидам многу строг по прашањата за јавниот ред и мир“.