Сообраќајната полиција во текот на викендот издала 1.077 издадени платни налози од кои дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 возачи возеле под дејство на алкохол и исклучени се од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига, информираа од МВР.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање, додека пак санкционирани се 58 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети. Исто така, а согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од полицијата.