28.8 C
Скопје
09/06/2025 13:15
МАКТЕЛ

   

Премиерот најави „историски“ проект за Кочани и обвинува граѓанско движење дека преминувало во политичко движење?!

      

Владата деновиве ќе донесе одлука со која во голема мера ќе се олесни процесот на лекување на повредените од пожарот во кочанската дискотека. За да не мора секојдневно да одат до болници заради медицинска или физикална терапија, а во ситуација кога заради природата на повредите не смеат да се изложуваат на сонце и високи температури, ниту да имаат дополнителен физички напор, дел од медицинската нега и рехабилитација наскоро ќе биде сконцентрирана на едно место. Оваа седмица Владата ќе донесе одлука со која одморалиштето „Пониква“, што е во сопственост на МВР, ќе се стави на располагање на Министерството за здравство и ќе може да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените – најави владината портпаролка, Марија Митева.

Добро одржувано одморалиште
Месноста Пониква на Осоговските Планини им е добро позната на жителите на Кочани. Се наоѓа меѓу Кочани и Пробиштип, во предел богат со шуми и ливади, на надморска височина од 1.560 метри. Од Штип е оддалечна 50 километри, од Кочани 20, од Виница 28 километри. Според оценките од Владата, истоименото одморалиште на МВР, како добро опремено и одржувано, ги задоволува неопходните стандарди за сместување на лицата на кои им е потребна медицинска нега и рехабилитација. Кон крајот на мај, таму беа пуштени во употреба реновирани спортски капацитети. Одморалиштето на МВР располага со 27 соби и 56 легла.

   

„Пониква ги нуди сите предуслови за ваков тип на згрижување. Лоцирано е во природна и мирна средина, што го прави исклучително погоден простор за пациентите кои се веќе во фаза на лекување во која е неопходна физикална и работна терапија. Станува збор за пациенти кои се веќе стабилизирани, но кај кои постои реална потреба за понатамошен третман, со цел да се спречат и намалат долгорочните последици од изгорениците, како и други можни компликации коишто се поврзани со подолготрајното лекување“, образложи портпаролката.

Оперативен план и директна комуникација
Во моментов Владата работи на оперативен план за згрижување на пациентите во соработка со Министерството за здравство и со медицинските тимови кои ќе обезбедуваат медицинска нега директно на терен. Пациентите ќе бидат поделени во групи и циклуси на терапија, за да се овозможи персонализиран пристап кон секој поединечен случај. Се очекува во најкус рок да бидат завршени сите институционални процедури и медицинскиот кадар да контактира со пациентите за да почне сместувањето и текот на терапиите.

„Оваа мерка е институционален одговор, израз на одговорност и посветеност кон секој поединец. Нема ништо поважно од човечкиот живот и достоинството на луѓето, затоа како Влада ќе продолжиме да делуваме одлучно и со целосна грижа кон пациентите”, рече Митева.
Од денеска (9.6.) почнува да функционира и новата телефонска линија (070 355 526) за директна комуникација управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе функционира непрекинато за сите повредени и нивните семејства, на која ќе може да се јават, да ги изнесат своите барања, предлози и конкретни потреби.

„Оваа линија нема да биде само контакт, туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање и со персонализиран пристап за секој случај“, објасни Митева.Премиерот вчера најави дека владината поддршка за Кочани ќе продолжи, но и преку проект наменет за градот.

„Сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Ова го работам заедно со канцеларијата на Европската Унија, со тоа што историски, епски, драматично ќе го видоизмениме изгледот на подобро, на градот Кочани. Деталите за овој проект на кој интензивно работам очекувам многу скоро од денеска да бидат соопштени на македонската јавност, нормално откако ќе бидат финализирани сите детали“, најави Христијан Мицкоски во вчерашното обраќање на 34-тата Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Против злоупотреба на трагедијата
Мицкоски во говорот се осврна и на критиките од опозициската СДСМ, оценувајќи ги како злоупотреба на трагедијата во Кочани.
„Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и сѐ така по ред во духот на локалните избори. Паралелно со ова што тие го говорат тече и прекиот суд на прес-конференции на СДСМ“, рече Мицкоски.

Потсети како завршиле слични обвинувања од минатото – за смртта на малата Тамара, за убиството на Мартин Нешковски и жртвите од Смилковско Езеро.
„Се сеќавате ли дека истите овие луѓе, ветуваа правда, ветуваа мир, ја злоупотребуваа на некрофилски начин и тогаш и денес трагедијата на родителите и блиските на семејствата. Што добија? Тие станаа милионери, а вистината и тогаш, и денес, беше дека единствената политичка и владина опција којашто прави, сочувствува и сака да направи – е Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.Наведувајќи дека некрофили повторно манипулираат со човечки судбини обидувајќи се да се вратат на власт, рече дека нема да дозволи да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град.За овој дел од говорот на премиерот остра реакција стигна од СДСМ.

„Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани“, се вели во соопштението на социјалдемократите.
„…На висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените. Во својата забеганост Мицкоски од Велес, врескаше и ги обвинуваше родителите дека од граѓанско движење полека се претварале во ‘политичка партија’. Овој наратив на Мицкоски сериозно загрижува, особено поради фактот што на овој начин се повикува на јавен линч на родителите на загинатите и повредените и нивните семејства”, наведоа од СДСМ.На социјалните мрежи е видлива поларизација околу темата Кочани, но и разочараност од речникот што се користи во меѓупартиските пресметки за една од најголемите трагедии во земјата.
Извор: DW

   

Најново

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

(ФОТО) Костадинов ги искара полуматурантите: Ова не е повод за хаос, учениците веднаш да го исчистат отпадот што го оставиле

Sase Ivanovski

Почина работникот кој падна од платформа на автопатот во изградба Охрид – Кичево

Sase Ivanovski

ОД 7.000 ДО 10.000 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ПОЧНЕ БИЗНИС Државата нуди грантови, еве кој може да аплицира и до кога

Sase Ivanovski

УКРАИНА УДРИ ВО ВНАТРЕШНОСТА НА РУСИЈА Два авиона уништени на аеродромот Саваслејка

Sase Ivanovski

ТРАМП МУ ОДБИЛ 20.000 КЛУЧНИ РАКЕТНИ ФИТИЛИ НА ЗЕЛЕНСКИ Украина со Бајден договорила испорака на моќно оружје

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: „Ја убиле Вања а со парите сакале да им прават свадби и да им купуваат станови на своите деца“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска

Sase Ivanovski

ОБВИНИТЕЛКАТА ВО ЗАВРШНИОТ ЗБОР ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Делото е напад врз човечноста и врз општеството, уништувајќи ја вербата во добрината и правдата

Sase Ivanovski

Свирепо и монструозно убиство на дете и пензионер. Таткото остана во обвинението како соучесник. Последни зборови на обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Нема дно кое СДС не може да го пробие, наместо одговор на пораките од Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство

Sase Ivanovski

Герасимовски на завршна училишна претстава: Дечиња, имајте среќно и убаво лето, читајте многу книги и другарувајте

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

Објавен јавен повик за поддршка на почнување сопствен бизнис

Sase Ivanovski

Дурмиши чека да заврши пребројувањето на синдикатите, не знае дали ССМ дал писмена согласност за намалениот праг

Sase Ivanovski

Во текот на викендот казнети 1.077 возачи

Sase Ivanovski

Судот одлучи дека Мерко не направил злоупотреба при набавка на „аудито“ од 66.000 евра

Sase Ivanovski

Повторно одложена собраниската седница, Левица бара одговори за патните трошоци и за кириите на пратениците

Sase Ivanovski

Анатомија на протестите во Лос Анџелес: Што навистина ја поттикна ерупцијата на незадоволството?

Sase Ivanovski

Секој втор странски работник сака да остане во Хрватска до крајот на својот живот

Sase Ivanovski

Ако ви доцни летот, ви следува надомест од 500 евра – нема повеќе „вонредни околности“ за авиокомпаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски до функционерите: Обврската која ја добивме од граѓаните е пред сè одговорност, сите мора одговорно да се однесувате кон секој народен денар

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Sase Ivanovski

Мицкоски: Помина времето на криминалците и клановите, Македонија победува и припаѓа повторно на народот

Sase Ivanovski

Мнозинството Бугари работат во ниско платени сектори, не земаат ни просечна плата

Sase Ivanovski

Во Косјериќ советничката листа на Вучиќ победи со 51 глас повеќе од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

Sase Ivanovski

Шолја кафе опасна по живот кога производителот не означува што ставил во пакувањето

Sase Ivanovski

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Sase Ivanovski

САД го напаѓаат иранското „банкарство во сенка“ со нови санкции

Sase Ivanovski

Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг

Sase Ivanovski

ЕУ подготвува нов удар за Русија, сакаат да им ги попречат финансиските трансакции

Sase Ivanovski

БОМБА НА ФОКУС: Уапсен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, тој е тајниот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кој Обвинителство ја прошири истрагата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп се сопна при качување во авионот, едвај се задржа за да не падне

Sase Ivanovski

Владата да не го нарушува концептот „Вардарска долина“, реагираат од Здружението „Инженери на Република Македонија“

Sase Ivanovski

Утрово приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов

Sase Ivanovski

Инцидент во центарот на Подгорица – млад човек пукал во кафуле, повредени шест лица

Sase Ivanovski

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Со армиски хеликоптер евакуиран планинар кој паднал во провалија на Шар Планина

Sase Ivanovski

Муцунски во посета на Казахстан

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Трамп на состанок со воени претставници во Кемп Дејвид

Sase Ivanovski

Нов осомничен за пожарот во „Пулс“ е вистинскиот газда на обезбедувањето!

Sase Ivanovski

Руски ракетен напад во Западна Украина, Полска превентивно ги крена авионите

Sase Ivanovski

Рјабков: Намалувањето на трупите на НАТО во Источна Европа е корисно за безбедноста на целиот континент

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Еве ја прогнозата за времето неделава

Sase Ivanovski

НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАСК И ТРАМП ВО НОСТАЛГИЧНА БАЛАДА НА „ПИНК ФЛОЈД“ Ново ремек дело на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

Стототици туристи во Кушадаси биле цел на измама со картички

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Меѓудржавна спасувачка акција кај Ливадичко Езеро: Повредено лице спасено од бездна!

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Падна авион со 20 патници во Тенеси: 6 повредени, нема жртви

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Минхен: Португалија преку пенали до трофејот во Лигата на Нации

Sase Ivanovski

Дистрибуирани 17.000 пакети храна во Газа и покрај заканите од Хамас

Sase Ivanovski

Полицијата во Белград заплени 11 килограми кокаин

Sase Ivanovski

МНОГУ Е ГОЛЕМА СМРТНОСТА ОД НЕГО, СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ?! СЕ ДОБИВА ОД МНОГУ СТРЕС, НЕКОГАШ И ОД МНОГУ РАДОСТ ИЛИ НАГЛА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Sase Ivanovski

Во ЗОО Скопје, беше отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови изработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што беа откупени околу 25 акварели и цртежи

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На 4 јуни 2025 година, свечено беше отворена ИЗЛОЖБАТА НА СТУДЕНТСКИ ДЕЛА на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа -ФОН

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На утринската програма „Македонија на утро“ на МРТ, професорот Игор Шокаровски од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, сподели теориски и стручни согледувања за влијанието на аудиовизуелната форма во пренесувањето информации, особено во контекст на претстојната кампања за локалните избори

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев Скопје, вработува .NET DEVELOPER 💻💾

Sase Ivanovski

ДРАЧ, ВАЛОНА, САРАНДА ИЛИ ТИРАНА Секој петти стан во Албанија бил купен од странец

Sase Ivanovski

Баба Монди првпат проговори каква ќе биде бекташката држава во Албанија

Sase Ivanovski

Гори депонијата во Неготино, по повеќе од три часовна борба пожарот е локализиран!

Sase Ivanovski

Битола „гори“, се слави новата титула: Фитиљ пак запеа, Алонсо се заблагодари на македонски! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги навреди Скопјани па се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Sase Ivanovski

Мицкоски до младите: Останете тука, градете тука, Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност

Sase Ivanovski

Попов: Ние сме младите кои ја менуваат Македонија, за една година покажавме што значи грижа за младите и реализација на проекти

Sase Ivanovski

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Крит: Нов потрес на грчкиот остров

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sase Ivanovski

Москва чека потврда од Киев за префрлање на телата на загинатите украински војници

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Sase Ivanovski

Мицкоски најави борба за „декласирање и превоспитување“ на ДУИ

Sase Ivanovski

Израелската војска во подземен тунел во Газа го пронајде телото на убиениот лидер на Хамас

Sase Ivanovski
Вчитувам....