Општина Ѓорче Петров денеска објави јавен повик за доделување субвенции за купување нови велосипед. Надоместот што ќе го дава Општината изнесува 50 отсто од вкупната цена на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, вклучително и ДДВ, а за субвенции во буџетот за оваа намена се предвидени 500.000 денари. Јавниот по9вик трае уште 20-тина дена. Право на користење на средствата имаат жителите на Општина Ѓорче Петров кои ќе купат нов велосипед на територијата на Република Македонија во периодот од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година или до исцрпување на предвидените средства, појаснуваат од Општината.
Пристигнатите барања ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, според датумот и времето на поднесување. Аплицирањето се врши во архивата на Општината, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот, во затворен плик со потребната документација. Со оваа мерка продолжуваме да ги поддржуваме здравите и еколошки навики на нашите сограѓани. Грижата за животната средина и поттикнувањето на физичка активност се важен дел од локалните политики, изјави градоначалникот Александар Стојкоски. Формуларите и целосниот јавен повик се достапни на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров.