Од клубот порачуваат дека остануваат посветени на визијата РК Алкалоид да биде средина во која македонските ракометари ќе тренираат во врвни услови, ќе работат според професионални програми и ќе се натпреваруваат како на домашната, така и на европската сцена.Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп, РК Алкалоид, ја продолжува својата стратегија и во новата натпреварувачка сезона – да гради конкурентен тим пред сѐ од домашни ракометари кои ќе добијат можност за напредок и развој на највисоко ниво.
Од клубот порачуваат дека остануваат посветени на визијата РК Алкалоид да биде средина во која македонските ракометари ќе тренираат во врвни услови, ќе работат според професионални програми и ќе се натпреваруваат како на домашната, така и на европската сцена.За новата сезона, управата на тимот од Автокоманда веќе договори соработка со седум нови ракометари, од кои шест се македонски играчи, а еден е српски репрезентативец.
Новите имиња кои ќе го носат дресот на РК Алкалоид се: Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски, Давид Трајкоски, како и Урош Борзаш, српскиот репрезентативец кој ќе биде меѓу водечките засилувања за меѓународните предизвици.Со овие трансфери, клубот јасно покажува дека планира не само да ја одбрани европската титула, туку и да ја зацврсти својата позиција како лидер во македонскиот ракомет и да продолжи со создавање на домашни ракометни ѕвезди.