Како што информираат од Црвен крст Охрид, алармот за интервенција бил добиен рано наутро, а веднаш биле мобилизирани и екипи на Планинската спасителна служба.
Голема спасувачка акција се одвиваше утрово на планината Јабланица, откако жена од Струга се здобила со сериозна повреда на скочниот зглоб на непристапен терен.Како што информираат од Црвен крст Охрид, алармот за интервенција бил добиен рано наутро, а веднаш биле мобилизирани и екипи на Планинската спасителна служба.
„Станува збор за женска особа од Струга која се здобила со сериозна повреда на скочниот зглоб. Поради тешкиот терен и оддалеченоста од најблискиот пристапен пат, ПСС побара воздухопловна асистенција преку Центарот за управување со кризи (ЦУК)“, информираат од Црвениот крст.
Во исто време, шестчлен тим со теренско возило се упатил пеш кон повредената, во случај да нема можност за интервенција од воздух. Но, само неколку часа подоцна, добиена е потврда дека хеликоптер на МВР е веќе на пат кон планината, во соработка со припадници на Специјалната Антитерористичка Единица.„За среќа, полетал хеликоптерот на МВР кој се движи кон местото на настанот. Со тоа, пешачкиот тим се повлекува од теренот“, додаваат од Црвениот крст.