Полицијата најавува дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок против двајцата сопружници.
Полициски службеници од СВР Скопје привеле маж од скопско село, откако тој и неговата сопруга вчера вечерта влегле во жестока тепачка во нивниот семеен дом, користејќи дури и тврди предмети за време на физичката пресметка.Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 јуни 2025 година околу 19:30 часот, а полицијата реагирала на терен еден час подоцна.
„На 08.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г. (53) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.30 часот во семејниот дом, тој и неговата сопруга В.Г. (51) го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што употребиле и тврди предмети“, соопштија од МВР.Полицијата најавува дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок против двајцата сопружници.