Општина Аеродром изрече прекршочна казна во висина од 88 000 евра против Јавното претпријатие „Комунална хихиена“ Скопје поради, како што наведуваат оттаму, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на територијата која е под надлежност на претпријатието. Санкцијата, велат од Аеродром, не е политичка, туку институционална, како резулат на пропустите во работата на „Комунална хигиена“.
„Жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до Општината со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец. Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба!“, изјави в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.Митески повика надлежните од комуналното претпријатие да ги преземат сите неопходни мерки за чиста животна средина и да почнат да работат во интерес на граѓаните. Порача дека Општина Аеродром ќе продолжи со засилен надзор и санкции за секој оној што не ја извршува својата работа.
Во меѓувреме, со реакција се јавија од ЈП „Комунална хигиена“, обвинувајќи го в.д. градоначалникот на Аеродром дека се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување на претпријатието.„’Комунална хигиена’ работи според оперативен план кој го усвојува Советот на Град Скопје, под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Планот го спроведува управниот одбор составен од ВМРО и ВЛЕН, предводен од Јулијана Спировска функционерка на ВМРО и криминалка осудена за убиство. Кога в.д. градоначалникот Митески ги повикува граѓаните да фрлаат кабаст отпад, треба да знае дека законот го обврзува да го собира тој отпад. Кога на слика се гледаат гарнитури и мебел од нечија дневна соба – тоа е обврска на службите кои тој ги раководи“, велат од комуналното претпријатие.