Утре, на 10 јуни, неколку скопски општини ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички зафати. Од електродистрибуцијата информираат дека овие прекини ќе бидат во различни временски интервали и ќе опфатат одредени населени места и улици.
Еве каде и кога утре нема да има струја:
Село Бразда: Корисниците на улица 20 ќе бидат без струја од 09:00 до 10:00 часот.
Сопиште: Дел од улица 10 и улица 134 ќе немаат електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот.
Карпош: Дел од улицата Иван Цанкар ќе биде без струја од 09:00 до 14:30 часот.
Ѓорче Петров: Дел од улицата 101 во село Волково ќе има прекин од 11:30 до 15:30 часот.
Кисела Вода: Околината на ресторанот Теферич и дел од улицата Мариовска ќе бидат без електрична енергија од 12:00 до 15:00 часот.