„Имам една фотографија којашто и претходно се има споделувано во јавноста, ја има и на мојата веб-страница, како се облечени полициските службеници во рамки на една моја посета додека бев во техничката влада. Едниот е со фармерки, другиот со работничко одело, третиот со палто од татко му затоа што татко му бил полициски службеник итн. Срамота, срамота. Оваа набавка која што беше спорна да речеме во јавноста, не од законски аспект туку од аспект на тоа што немало доволно критериуми во рамки на тендерската документација е помалата набавка. Сега треба да следи поголема набавка којашто се однесува на сите униформирани полициски службеници, за бројка од 5-6 000 полициски службеници“, рече Тошковски одговарајќи на новинарските прашања.
Министерот изрази надеж дека двете набавки – за униформите на специјалците и за униформите на останатите полициски службеници – ќе се спроведе во најбрз можен рок и дека во текот на годината сите полициски службенции ќе добијат достоинствена униформа.„Осум години не набавиле униформа, ќе го направиме тоа. Сè што треба во интерес на македонските граѓани да направиме ќе направиме, а тие нека продолжат да манипулираат, да фрлаат пердуви, да даваат лажни обвинувања – суди македонскиот народ, мудар е, гледа што се случува и за брзо ќе каже што мисли на изборите“, рече Тошковски.Извор: 360 степени