„Недозволиво е во Центар администрацијата да работи во вакви лоши услови како сега“, рече на средбата со новинарите градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Тој додаде дека конечно на повидок е решавање на овој децениски проблем. Општината го доби земјиштето во владение, на конкурсот имаше одлични идејни решенија, а сега на ред е изготвување проект, со кој ќе се аплицира на јавните повици на Владата.
„Особено внимание ќе посветиме на зеленилото, кое се наоѓа во парцелата на општината. До крајот на мандатот сакам да го реализираме проектот, за да бидеме подготвени да аплицираме за подземно паркирање и да ги искористиме средствата. Следниот мој мандат почнуваме со реализирање на проектот – нова општинска зграда” рече градоначалникот Герасимовски.
Герасимовски кој ќе трча за втор мандат во Општина Центар, посочи дека нема да се оди повисоко од околните згради, не повеќе од четири до пет ката. Новата општинска зграда ќе има доволно место за подземен паркинг, сала на Советот, а и невладините ќе добијат катче за работа.