„Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем“, напиша Арсовска на Фејсбук, посочувајќи дека ДУП-от за кој станува збор добил негативно мислење од Град Скопје, но сепак бил изгласан на ниво на општината.Арсовска објави фотографии со делови од контроверзниот план, во кои се предвидува простор за три хемиски фабрики, како и над 30 висококатници на 157.000 квадратни метри.
Таа тврди дека градоначалникот Стојкоски ја игнорира волјата на жителите и го повика да организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат такви објекти во нивната средина.„Бидејќи многу сакате референдуми, Стојкоски, направи сега еден – нека ти кажат ѓорчепетровци лично дали сакаат нивните деца и домови да им се наоѓаат меѓу хемиски фабрики“, напиша Арсовска.Таа посочи и дека целиот ДУП е јавно достапен на веб-страницата на општината, притоа споделувајќи линк до документот.