Доцна синоќа, малолетно момче од село во Гостиварско излетало од локален пат, при што е тешко повредено, а со повреди се здобил и неговиот 23-годишен сопатник, соопшти МВР.
„Денеска (12.06.2025) во 01:40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локален пат во с.Горна Бањица, гостиварско, мопед, управуван од малолетник од с.Горна Бањица, излетал надвор од коловоз. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.М.(23) од истото село, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар“, велат од полицијата.