Двајца млади турски државјани – цимери кои живееле заедно во стан кај Бит-пазар во Скопје, влегле во расправија и тепачка по која едниот од нив извадил нож и го принудил другиот да му ги даде паричникот, телефонот и други лични работи, соопшти МВР.
„На 11.06.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје, М.О.(26) од Република Турција, со престој во Скопје, пријавил дека околу 17:15 часот во домот во кој престојуваат заедно на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.Ј. од Република Турција, кој употребил остар предмет и му одзел паричник со пари, мобилен телефон и лични работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.