44-годишен возач на камион од Косово е повреден откако вчера некој фрлил со камен во ветробранското стакло на камионот од мост на скопската обиколница кај Стајковци, соопшти МВР.
„На 11.06.2025 околу 20:00 часот во СВР Скопје, В.С.(44) од Косово пријавил дека околу 18:40 часот на автопатот „Mајка Tереза“, додека управувал товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, од мостот кој води од с.Стајковци кон с.Брњарци, скопско, бил фрлен тврд предмет кој го оштетил предното ветробранско стакло, а тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.