Во Радовиш вчера полицијата од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш, кој управувајќи со мопед „томос“ и со 2,02 промили алкохол во крвта удрил во деветгодишно девојче.
– Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, кое се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш – се вели во соопштението. Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.