Општина Аеродром започнува со реконструкција на дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански, на потегот од зградата со број 40 до зградата со број 76, што се паралелни со овој булевар и со дел од булеварот Васко Карангелески, поточно во близина на детската градинка „Бамби“, локација која инаку е многу фреквентна во секој период од годината.
Реконструкцијата на сервисните улици опфаќа вадење и вградување на нов асфалт на улиците, паркинзите и тротоарите на површина од над 15 илјади м2 или должина од околу 1000 метри со рок на изградба од 5 месеци. Ова претставува значаен инфраструктурен проект финансиран со средства од Владата во вредност од околу 27 милиони денари, со што жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат убаво и современо уредени сервисни улици, тротоари и паркинг места – информират од Аеродром. Оттаму истакнуваат дека остануваат посветени на континуирано унапредување и подобрување на севкупната патна инфраструктура за побезбеден сообраќај и непречено движење на пешаците. На почетокот на реализација на проектот присуствуваа градоначалникот Дејан Митески и министерот за локална самоуправа, Златко Перински,