Во фокусот беа и процесот на европска интеграција на нашата земја и недвосмислената поддршка од Унгарија, како и соработката во рамки на НАТО во справувањето со актуелните безбедносни предизвици – соопшти министерот Муцунски Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто денеска потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу двете влади.

Сијатро е во работна посета на Македонија, а како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите биле билатералните односи, тридецениското пријателство и стабилната трговска размена, која бележи континуиран раст.
– Констатиравме дека македонско-унгарското партнерство, засновано на силни политички и економски врски, ќе продолжи со уште поголема динамика. Во фокусот беа и процесот на европска интеграција на нашата земја и недвосмислената поддршка од Унгарија, како и соработката во рамки на НАТО во справувањето со актуелните безбедносни предизвици – соопшти министерот Муцунски.

Во рамки на посетата, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, беше потпишан и Меморандум за образовна соработка за стипендирање македонски студенти.
