Еден државен служвеник, кој постојано ги изработувал дозволите и лиценците за дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкупати земал пари за сопствена корист и за други лица, а за фалсификат лиценците од сопстеникот на дискотеката зел 226.000 денари.Претходно, во 2019 година за издавање лиценца зел 12.000 денари, а во 2024 година за фалсификат лиценците зел 226.000 денари од сопственикот на „Пулс“, а на документите се потпишал своерачно но со потпис од обвинетата државна секретарка. Тој ќе одговара за примање поткуп и за фалсификуање документ.
Ова се дел од деталите кои денеска ги изнесе државниот јавен обинител Љупчо Коцевски, кој го причита обвинителниот акт по истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март загинаа 62 лица.Коцевски рече дека поднесен е обвинителен акт против 34 физички и три правни лица. Прес-конференцијата е во тек
.