Тројца мажи се во болница откако биле избодени од 20-годишна девојка. Инцидентот се случил утрово, околу 6 часот наутро, во ресторан на главната променада во одморалиштето Сончев Брег, објави БНТ. Мажите биле избодени со нож од девојката која работела во истиот објект.
Моментално, сите жртви се контактибилни и се сместени во Универзитетската болница во Бургас. Девојката е задржана до 24 часа. Се врши увид на местото на настанот. Сведоците се идентификувани. Сите учесници во инцидентот се вработени во објектот. Причините за инцидентот се разјаснуваат. Во случајот е започната претходна постапка, јави БНТ.