Научниците Али Бакаи Карими, Мансур Асгари и Саид Борџи беа убиени во израелските воздушни напади, објави иранската новинска агенција Тасним.Со ова, бројот на убиени научници вклучени во иранската нуклеарна програма достигна девет.
Според меѓународното хуманитарно право, особено Женевските конвенции и нивните дополнителни протоколи, на цивилите им е дадена експлицитна заштита за време на вооружен конфликт. Научниците, како што посочува ДПА, генерално се класифицираат како цивили, освен ако не учествуваат директно во борбени операции. Целните убиства надвор од тие специфични услови може да претставуваат кршење на законите на војување.
Медиумите во Иран претходно објавија дека во израелските нпади се убиени и уште двајца видоко рангирани генерали, заменици началници на Генералштабот.Израел започна голем напад врз Иран рано наутро во петокот. Техеран возврати со бранови балистички ракети и напади со беспилотни летала. Двете страни пријавија загинати и повредени.И покрај растечкиот меѓународен притисок за деескалација, ниту една страна засега не изгледа подготвена да се повлече од конфликтот.