Одстрана на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи остри предмети, му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите.
С.У. повторно се оглушил на наредбата, продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство.Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет. Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето интензивно се трага.