Премиерот посочи дека има раст во преработувачката индустрија од околу 6,6 %, како и дека расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар.Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.
-Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за послдните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во прометот во индустријата.
Мицкоски посочи дека има раст во преработувачката индустрија од околу 6,6 %, како и дека расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар.
-Покрај растот на трговијата во индустријата од 6% она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6,6%, расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународнот пазар значи извозот тоа е многу важно за прометот и тој многу повеќе расте од домашниот, домашниот има мислам има околу 1,5 пад, додека пак растот на прометот на трговијата во индустријата надвор е околу 7,5%. Да не го заборавиме параметарот издадени одобренија за градење во ноември има 38,9 % повеќе во однос на лани во април. Туристите се некаде 20-тина проценти – рече Мицкоски.
Тој оцени дека ова се охрабрувачки сигнали, и рече дека воедно е забележан и раст на кредитите од страна на правните лица.
-Растот на кредитите, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16% и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП. Да не бидам погрешно сфатен кога зборувам за БДП зборувам за нашиот не зборувам дека нашиот по куповна моќ или волумен на пари е трет или четврт, но кога зборуваме за раст процентуално тогаш ние во првиот квартал бевме четврти во Европа, а ако продолжат овие трендови можеме да бидеме некое место погоре -рече Мицкоски.