„Од една страна, збогатувањето на ураниумот на Иран и можноста Иран да има нуклеарна бомба мора да престанат, а од друга страна, Израел мора да ги запре нападите во замена за гаранции дека Техеран ќе се откаже од атомското оружје“, рече Кросето во програмата Tg1 на RAI.
Според италијанскиот функционер, ако нема такви гаранции, ќе биде невозможно целата меѓународна заедница да го запре Израел, бидејќи земјата смета дека откажувањето на Иран од нуклеарното оружје е предуслов за нејзин опстанок, објави агенцијата Нова.„Процесот на збогатување на ураниумот на Иран се приближува кон крајот и затоа избувна конфликтот што се најавуваше со години“, истакна Кросето.