Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава.Се пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум. Со инвестиција од 11,7 милиони евра, се реконструираа 24,3 километри современ магистрален пат.
Магистралниот пат Охрид-Св Наум се реконструира целосно и се опфати целосна санација на коловозот, се постави нова на сигнализација, безбедносни огради и се прошири каде што теренот тоа го дозволува.Магистралниот пат Охрид- Св Наум ќе допринесе и туризмот економијата и регионално поврзување. Охрид исто така се поврзува и со светски дестинации преку новите авио линии Истанбул, Меминген, Виена, Белград.
Исто така се работи и се градат неколку клучни патни правци во Западна Македонија. Се гради Автопатот Кичево- Охрид , делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а исто така се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел и фокус кон засилена динамика на градежни активности на терен. Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори, се работи засилено за Македонија да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на животот на граѓаните.