„Разговарав со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Ризикот од понатамошна ескалација во регионот е опасно висок. Дипломатијата мора да преовлада. ЕУ отсекогаш била јасна: На Иран никогаш не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје. Само дипломатијата може да доведе до трајно решение. ЕУ е подготвена да обезбеди поддршка“, рече Калас во објава на платформата X.
Израел ги нападна иранските нуклеарни објекти и воени цели во раните утрински часови во петок, 13 јуни, наведувајќи дека нападите имале за цел да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.Како одговор на нападот, Иран вчера вечерта испали околу 150 балистички ракети кон Израел.