Соединетите Американски Држави тајно испорачале околу 300 ракети „Хелфаер“ на Израел, само неколку дена пред нивниот воен напад врз Иран, објави британскиот портал „Middle East Eye“- пренесе Политика.Британскиот портал цитираше двајца неименувани американски функционери кои изјавија дека испораката на толку големи количини ракети „Хелфаер“ во вторник, 10 јуни, укажува дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била „добро информирана“ за плановите на Израел да го нападне Иран.
Испораката на американски ракети „Хелфаер“ или други големи количини оружје пред вчерашниот израелски напад врз Иран не била претходно најавена.Ракетите „Хелфаер“, со нивната способност прецизно да таргетираат и луѓе и инфраструктура, можеби значително ја подобриле способноста на Израел да извршува напади во Иран, објави денес „Техеран Тајмс“.За време на одмаздничкиот ракетен напад на Иран во петокот вечерта, американските бродови во источниот Медитеран, вклучувајќи го и разурнувачот „Томас Хаднер“, и копнените системи „Патриот“, ѝ помагале на израелската воздушна одбрана.