Единствениот град во БиХ на море стана рај за туристите од Србија, Хрватска и регионот, кои сакаат да се сончаат, пливаат и уживаат – без да потрошат богатство, пишува Сд.рс. И додека цените на сместувањето во Хрватска растат од година во година, во Неум сè уште можете да најдете апартман за само 30 евра од ноќ – и тоа на околу стотина метри од морето! На платформи како што се Booking, Airbnb и Cozycozy, достапни се студио апартмани и соби со климатизација, Wi-Fi и бесплатен паркинг, без дополнителни скриени трошоци. На оние кои планираат да одат на одмор во екот на сезоната им се препорачува да резервираат рано, бидејќи побарувачката се зголемува.
Храната и пијалаците се уште една причина зошто Неум е најпристапната јадранска дестинација. Еспресо кафето чини од 2 до 2,5 евра, порција ќебап или пица чини до 5 евра, додека точено пиво може да се пие за околу 2 евра. Со други зборови – за помалку од 9 евра можете да уживате во локални специјалитети и освежителни пијалаци на брегот во текот на целиот ден.
Сè повеќе Хрвати, како и туристи од Србија, одлучуваат да го поминат летниот одмор во Неум. Како што изјави еден жител на Загреб за хрватските медиуми:„Во Босна, Неум … цените на сè се три до пет пати пониски отколку во Хрватска, а морето е како море.“Токму оваа комбинација од поволна цена и чисто море го прави Неум сè попривлечен избор за оние кои сакаат да го поминат летото без големи трошоци, без да се откажат од морето и медитеранската атмосфера.
Без гламурот и метежот како на хрватскиот брег, Неум нуди мир, сонце и море – по стари, „нормални“ цени. Идеален е за семејства со деца, пензионери, но и за секој што сака да оди на море без паричникот да му биде полесен за половина од платата.Ако не сте одлучиле каде да одите на одмор оваа година – Неум може да биде вашата најдобра одлука!