Екипите на Цивилната одбрана на Дубаи успеале да го изгаснат во раните утрински часови по 6 часа борба со огнените јазици.
Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина. Речиси 4.000 жители беа итно евакуирани.Како што објавија локалните медиуми, пожарот избувнал во 67-катна станбена зграда во Дубаи Марина вчера попладне и траел околу 6 часа. Екипите на Цивилната одбрана на Дубаи успеале да го изгаснат во раните утрински часови.
Според официјалните информации објавени од „Dubai Media Office“ (DMO), службите за итни случаи реагирале брзо и дејствувале координирано. Благодарение на нивната брза реакција, сите 3.820 жители од 764 станови беа успешно евакуирани, а никој не беше повреденЕден од блиските станари изјави за медиумите:„Околу 1.30 часот наутро, пожарот почна да се смирува. Гореше околу два часа, а многу остатоци паѓаа од зградата. Се чини дека Цивилната одбрана успева да го држи пожарот под контрола.“Околните згради не беа загрозени.