„Додека владата на Христијан Мицковски е на позиција во Република Северна Македонија, Бугарија треба јасно да изјави дека во случај на уште еден антибугарски настан, ќе стави вето додека оваа влада управува со нивната земја“. Ова го кажа денеска поранешниот бугарски министер и член на крајнодесничарската бугарска партија, ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, кој присуствуваше на протестот пред македонската амбасада во Софија. Протестот е по повод пресудата изречена пред неколку дена во Битолa против Љупчо Ѓоргиевски кој беше претседател на здружението „Иван Михајлов“ кое повеќе не постои.
-Крајно време е бугарската држава покатегорично да влезе во својата улога, рекол Каракачанов, додавајќи дека бугарскиот премиер и бугарскиот министер за надворешни работи не можат да продолжат да молчат и да излегуваат со општи формулации.
-Сите оние кои водат антибугарска политика се полномошници на Белград, додал тој.
-На сите обвинители, судии и други кои учествуваат во оваа антибугарска кампања мора да им биде одземено државјанството, рекол Каракачанов.
-Сите оние кои плукаат по Бугарија, но ја искористуваат нашата земја како европска земја, треба да бидат санкционирани, нивните компании треба да бидат проверени, бидејќи политичарите во Скопјe го разбираат само ова, тие не го разбираат јазикот на добрата волја и добрите намери, додал контроверзниот бугарски политичар. Според него, „кога денешните власти во Скопјe гледаат дека Бугарија се однесува дипломатски, се охрабруваат и го сметаат тоа за слабост“.
-Кога има поединци кои го кршат законодавството, ги кршат европските правила, им се воведуваат санкции, рекол Ангел Џамбаски, поранешниот бугарски европратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додал дека е време бугарската влада да воведе санкции врз оние политичари и членови на судството во Скопјe кои ја вршат оваа агресија. Според него, пресудата не е само против Ѓоргиевски, вели дека тој е „жртвено јагне“, а тврди дека пресудата е закана за сите други Бугари.Џамбазки, исто така, истакнал дека Ѓоргиевски е осуден за изразено мислење и за цитирање зборови на Иван Михајлов и прашал каде е Декларацијата за човекови права која Македонија ја потпишала. Според Џамбаски, Бугарија не треба да се согласи Македонија да започне преговори за членство во ЕУ сè додека не гарантира дека ги исполнува Копенхашките критериуми.