Во Апелацискиот суд во Атина утрово продолжи последното рочиште од судскиот процес на втор степен по поднесената жалба од обвинителот за првостепената пресуда, што започна вчера.За катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 104 лица, обвинето беше 21 лице, а вчера десетмина беа прогласени за виновни.
Рочиштето го следеа семејствата и роднините на загинатите во катастрофалниот пожар, но и преживеаните, кои изразија задоволство, коментирајќи дека „конечно некој ќе оди во затвор“, со оглед на тоа што во првостепената пресуда од лани, 15 обвинети беа ослободени, а шестмина добија петгодишна затворска казна што можеа да ја откупат за околу 40.000 евра.По завршувањето и соопштувањето на пресудите, не си заминаа од судницата, чекаа да ги видат осудените како ги изнесуваат од судот со лисици на рацете, коментирајќи дека иако казните се мали, сепак е морална победа за нив.
– Пресудата не беше соодветна со нашата трагедија, ова е сигурно. Но, со оглед на околностите, јас сум задоволна. Со самото тоа што ги видов дека си заминуваат со лисици на рацете и да ги прогласуваат за виновни, за мене е задоволително, посочи Атина Мутафи, која во пожарот го загуби нејзиниот син.Варвара Вукаки, веќе седум години е без нејзиниот сопруг и двете деца, кои на кобниот 23 јули беа во Мати и не успеаја да се спасат од огнените јазици.
– Душите на нашите најблиски не се враќаат, вистинска правда никогаш нема да дојде, но сепак, ова денеска беше морално задоволство. Целата се тресев, се чувствував дека моите деца и мојот сопруг, но и сите оние кои денеска не беа во судницата, бидејќи не се живи, беа со нас и аплаудираа со нас, посочи Вукаки.Казните за сите десетмина прогласени за виновни се меѓу три и 340 години, меѓутоа со оглед на тоа што делат се водат како прекршочни, а не кривични, максималната затворска казна е пет години.
Адвокатите, кои исто така изразија задоволство од пресудата на втор степен, сепак посочија дека требаше и казните да бидат повисоки, но и да биде поголем бројот обвинети и повисоки казните, но со промените на законот од 2029 година, десетгодишната затворска казна за вакви дела беше намалена на пет години.Со денешната одлука, петгодишна затворска казна доби тогашното раководство на противпожарната служба, односно поранешниот началник, неговиот заменик, поранешниот генерален секретар за цивилна заштита и уште функционер од противпожарната служба.
Иако во предлогот на обвинителката на средината на март предложи и побара 12 од 21 обвинет да бидат прогласени за виновни, сега ослободени од обвиненијата беа две лица, односно тогашната регионална управничка на периферијата Атика и тогашниот градоначалник на надлежната општина да бидат прогласени за виновни.Во пожарите кај Мати во јули 2018 година, што еден од најкатастрофалните во современата грчка историја, но и вториот пожар во светот во 21 век со најголем број жртви, загинаа 104 лица, 57 се здобија со сериозни изгореници.