Претседателот (Владимир) Путин ми се јави утрово и многу учтиво ми посака среќен роденден, но уште поважно, ми се јави за да разговараме за Иран, земја која тој многу добро ја познава. Разговаравме подолго време, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп, во својата објава на социјалната мрежа Трут сошал.Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека разговарал со својот руски колега Владимир Путин за конфликтите на Блискиот Исток и во Украина.
„Претседателот Путин ми се јави утрово и многу учтиво ми посака среќен роденден, но уште поважно, ми се јави за да разговараме за Иран, земја која тој многу добро ја познава. Разговаравме подолго време. Многу помалку време беше посветено на разговор за Русија и за Украина, но тоа ќе биде тема за следната недела. Тој ги спроведува планираните размени на затвореници – голем број затвореници се веднаш разменуваат од двете страни. Разговорот траеше приближно 1 час. Тој чувствува, како и јас, дека овој конфликт меѓу Израел и Иран треба да заврши, а јас му објаснив дека и неговата војна треба да заврши“, напиша Трамп во својата објава на социјалната мрежа Трут сошал.