Десничарскиот израелски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир го обиколи квартот во Бат Јам, град погоден од ирански ракети и каде десничарската владејачка коалиција долго време ужива силна поддршка.
Опкружен со многубројни вооружени лица од обезбедувањето, тој ги пречека сопствениците на дуќаните покрај улицата каде што од силината на експлозијата пукнаа многу прозорци.Нешто претходно, на истото подрачје го посети и премиерот Бенјамин Нетанјаху, каде насобраната толпа извикуваше и го нарекуваа со прекарот „Биби, биби, крал на Израел“.
Некои видеа од таа посета покажуваат како толпата пее песна заснована на традиционалната мелодија „Довид, Мелех Израел“, што значи „Давид, кралот на Израел“, која многу еврејски деца ја учат на училиште.Но, поддржувачите на премиерот го сменија текстот во „Биби, Мелех Израел“ – „Биби, крал на Израел“.