ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ,
на среде војна, Израел испрати најголема екипа во Македонија и ни спаси десетици деца од сигурна смрт од трагедијата во Кочани! Наши, македонски деца!
Мислам дека е недолично за нас, како народ и како нација, да се радуваме на бомбите кои паѓаат врз семејствата на истите тие лекари кои ги спасија нашите деца! Сега горат нивните деца, а на место да покажеме барем трошка грижа за нив, некои од нас им се радуваат!
Нели е тоа срамно за нас Македонците?
Жално и срамно за сите нас!
Затоа светот не не сака и не ни дава поддршка за ништо!
Благодарноста е домашно воспитување, а кај некои од нас очигледно било пропуштено!