Повеќето од демонстрантите беа облечени во црвена боја за да ја покажат „црвената линија“ што израелската војска ја преминала спроведувајќи го она што демонстрантите го нарекуваат геноцид во Газа.
Организаторите соопштија дека околу 150.000 луѓе се придружиле на маршот во Хаг, што го прави најголем протест во Холандија во последните 20 години. Новинарите го проценија бројот на учесници на повеќе од 100.000.Демонстрантите побараа холандската влада да ја запре сета воена и дипломатска поддршка за Израел, поради израелската блокада на помошта за Газа.
– Веќе нема да прифаќаме вртење на погледот, дипломатски игри со зборови, соучесништво во најстрашните воени злосторства, порачаа учесниците на протестот во Хаг, кој заврши пред Палатата на мирот, каде што е седиштето на Меѓународниот суд на правдата.Протести се одржаа и во белгискиот главен град Брисел, каде што десетици илјади луѓе учествуваа на митинг против цивилните жртви од израелските акции во Појасот Газа. И во Брисел демонстрантите беа облечени во црвено. Според организаторите, учествуваа 100.000 луѓе. Полицијата го процени нивниот број на околу 75.000.