Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки и дека за истата идеја општина Центар има изработено сообраќаен проект и дека после изборите ќе премине во разговор со Град Скопје и МВР за да истиот се реализира. Но, вистината е друга. Општина Центар немајќи никакви идеи и проекти со кои може да се пофали дека ги изреализирала во изминативе четири години но, и свои сопствени идеи и проекти за наредните четири години почнаа од архива да вадат проекти кои ги изработувавме после 2018 година. Воедно доволно е да се видат програмите во последните четири години и ќе видиме дека НИТУ ЕДЕН проект не е изработен ниту започнат ниту пак планиран за сообраќајот низ општина Центар а најмалку за Дебар Маало. Станува збор за проект направен после 2018 година кој е стратешки документ за подобрување на динамичниот и стационарниот сообраќај во Дебар Маало.
Општина Центар ги изработуваше проектите за динамичен сообраќај а на основа на тоа ЈП ПОЦ ги правеше проектите за стационарен сообраќај (паркирање). Бидејќи во изминативе 20 години не се менувани сообраќајните проекти во општина Центар, реализацијата одеше во неколку етапи. Најпрвин се направија инфраструктурни зафати на улицата Орце Николов како главна сообраќајница која поминува низ Дебар Маало со ослободување на тротоарите за велосипеди и пешаци а ЈП ПОЦ донесе одлуки за организирање на стационарниот сообраќај или паркирањето кое претходно го уредуваше ЈП Градски паркинг. Самата улица доби нови подземни инсталации, ново лед осветлување, ново зеленило а старите и исушени и болни дрва беа заменети со нови а дебармалци и центарци добија проодни тротоари и велосипедски патеки и резидентни паркинзи.
На самиот коловоз се поставени елементи (лежечи полицајци кружни токови) се со цел да се успори сообраќајот и реално Дебар Маало да стане ЗОНА 30. Велосипедските патеки од улицата Орце Николов се спојуваа со велосипедските патеки со Булевар Климент Охридски изработени од Град Скопје. Следна улица за реконструкција беше Мирослав Крлежа за која беше изработен проект обезбеден буџет во програма и потпишан договор со изведувач за истата целосно да прерасне во пешачка зона каде паркирање ќе беше дозволено надолжно и само за резиденти и со тоа ќе се добиеше слободна зона за пешаци и велосипеди кои непречено ќе прдодолжуваа по Ленинова од Булевар Партизански одреди па се до клубот на пратеници.
Но, заради безидејноста и немањето визија да ги продолжи добрите проекти истиот беше поништен од страна на сегашниот градоначалник на Центар со ветување дека ќе се направи нов кој како што гледаме во изминативе четири години не е ни започнат. Без реализација на инфраструктурниот и сообраќајниот проект за улица Мирослав Крлежа, а потоа и довршување на вториот дел на Ленинова од булевар Пртизански одреди до министерството за земјоделие забрана за движење на возила низ Дебар Маало е невозможна. Немањето на сопствени проекти и идеи го тера градоначалникот да вади од шкафовите проекти кои се правени после 2018 година.
И како што рекол Никола Тесла: “Не ми е жал што ги крадат моите идеи но ми е жал што немаат свои”.Ама веќе е доцна.