Почитувани граѓани, за ваша безбедност ве замолуваме веднаш да го напуштите горенаведениот простор. Во следните часови израелската армија ќе интервенира во оваа област за да ја нападне воената инфраструктура на иранскиот режим, како што тоа го направи во последните денови околу Техеран. Вашето присуство во оваа област го става вашиот живот во опасност“, соопшти израелската армија на својата сметка на мрежата Икс.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранската новинска агенција ИРИБ, која е со седиште во 3-та област, е „на работ на истребување“ откако армијата повика на евакуација. Станува збор за Третиот округ или област, каде што живеат 330.000 луѓе и зафаќа 4,5% од градот. Тука исто така се наоѓаат седиштата на Иранската револуционерна гарда и на државната телевизија.
„Портпаролот на иранската пропаганда и поттикнување наскоро ќе исчезне. Евакуацијата на околните жители започна“, рече Кац, пренесува Ројтерс.