„МАН“ инвестирал околу милијарда евра во модернизација на производните капацитети низ Европа, особено во Германија. Михаел Кобригер, еден од клучните луѓе во компанијата, изјави дека ова претставува јасна порака за индустриската политика на Баварија, која активно ја води трансформацијата и во Минхен и во Нирнберг.
Флексибилната производствена линија има капацитет од 100 камиони дневно, независно од погонскиот систем. Еден камион се произведува за околу осум часа, при што купувачите можат да добијат возило целосно приспособено на нивните барања.
Електричните камиони се опремени со две батерии под кабината и други електрични компоненти, што ги разликува од традиционалните модели со мотори со внатрешно согорување и издувни системи. Производството на новите батерии од тип NMC се одвива во фабриката на MAN во Нирнберг, а камионите располагаат со комбиниран капацитет од 534 kWh, доволен за автономија до 500 километри. Со дополнителен седми батериски модул, автономијата може да достигне и до 740 километри.