Хрватскиот број „Мелита“, кој вообичаено плови од Задар кон Сали и Заглав на Дуги Оток, вечерва потона. Сите патници се спасени, јавуваат хрватските медиуми. Десетици патници се евакуирани од бродот.
„Прво жените и децата“, се слуша на видеото на кое се прикажани патници во гумен чамец за спасување.
Според написите, околу 22:55 часот патниците биле префрлени од чамецот за спасување на траектот на „Јадролинија“. Со ова било означено успешно завршување на спасувачката акција во која учествувале сите надлежни служби, пренесе „Задарски.хр“. Несреќата се случила во близина на пристаништето Задар кога едната страна на бродот почнала да тоне без причина. На снимката се гледа и фериботот на компанијата „Јадролинија“ – „Јадран“, кој учествувал во спасувачката акција.