25.8 C
Скопје
17/06/2025 07:45
МАКТЕЛ

   

Седум години од потпишување на Преспанскиот договор

      

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете држави. Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција, информираше дописничката на МИА од Атина.

Договорот беше постигнат во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ. Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете држави. Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во македонското Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот официјално стапи во сила на 12 февруари 2019 година.

   

Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија, државјанството е македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски. Земјата стана 30-та членка на НАТО и иако името континуирано со години се споменуваше како пречка за ЕУ перспективата на државата, сепак не го отвори целосно патот кон Европската Унија. Со Грција, седум години подоцна и покрај промената на власта и во двете земји, билатералните односи се на добро ниво. На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот.

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето на договорот, односно на 30 септември 2018 година, македонските граѓани беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Излезноста на референдумот беше мала, гласаа само 36,91 отсто од гласачите, од нив 91,47 проценти беа „за“, а 5,64 отсто „против“. Согласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не беше усвоена, бидејќи не гласаа повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список. Во Грција, иако една година по потпишувањето, се смени власта, сепак, Договорот се почитува, во изминатите години беше интензивирана соработката меѓу двете држави, во низа области како што се економијата, енергетиката итн, а Атина е силен поддржувач на европската перспектива на сите земји од регионот, меѓу кои и нашата. Ставот на Владата на Нова демократија е дека и покрај тоа што како опозиција не го поддржаа Договорот, сметајќи дека е штетен за националните интереси, како Влада има обврска да го почитува, бидејќи станува збор за меѓународен договор што ја обврзува секоја Влада во рамките на континуитетот на државата.

Ланската промена на власт во земјава го актуализираше Договорот од Преспа, со пораки од Атина до Скопје дека мора да се почитува, но една година подоцна задржана е билатералната комуникација, на ниво на средби меѓу министри од владите од двете држави. Што е имплементирано од Договорот? И додека нашата држава исполни голем дел, а можеби и сите обврски од Договорот од Преспа, во однос на имплементацијата, како што се промената на уставното име и Уставот, менување на пасошите, регистарските таблици, менување на имињата на Министерствата и институциите и слично, од грчка страна, како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, постојат одредени доцнења што се однесуваат на спроведувањето на договореното. Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, лани ги достави по втор пат, а дополнително, не е одржан вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот од Преспа, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете држави, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“. Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција. Решението на спорот со името целосно ги нормализираше билатералните политички односи кои влегоа во нормален тек, со редовна и активна меѓусебна комуникација, со средби и посети, а резултираше и со прва официјална посета во Грција на претседател на Северна Македонија, како и прва официјална посета на грчки премиер на земјава.

Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот шеф на државата кој ја посети Грција и со високи почести беше пречекан во Атина, додека пак помалку од една година по потпишувањето на Договорот, во април 2019 година, тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас го посети Скопје и се одржа првиот Совет за соработка на високо ниво кој го сочинуваат претставници на двете влади, заеднички предводен од премиерите. Меѓутоа, актуелниот грчки премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на поранешната претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, иако доби официјална покана од тогашниот нејзин македонски колега. Актуелните премиери на двете држави, Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис, за сега немаат одржано билатерална средба, а идентична е ситуацијата и на претседателско ниво. Во нашата земја од лани, а кај јужниот сосед во февруари годинава беа избрани нови шефови на државата.

Сања Ристовска Фото: Архива МИА.
Извор: МИА

   

Најново

Седници на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и на Комисијата за одбрана

Sase Ivanovski

Мицкоски денес ќе ја посети Битола: Започнува реконструкцијата на киното „Партизан“

Sase Ivanovski

Сања Митровска: „The Founder Games“ – каде што стартапите стануваат ѕвезди

Sase Ivanovski

Без вода повеќе улици во општина Центар

Sase Ivanovski

Ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Sase Ivanovski

Се заработува и до 50 евра, но слабо јунаци за работа на нива

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ СÈ УШТЕ ЧЕКААТ ХАРТИЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ Градот ветуваше брза испорака, но решенијата ги нема ни по 3 месеци

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне во западните делови дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Стратегија или заблуда?

Sase Ivanovski

Уставот мора да се смени

Sase Ivanovski

Заедно кон целта

Sase Ivanovski

Капацитет за апсорбирање омраза

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ЕВРОПЕИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, ГЛЕДАМЕ БАЛКАНИЗАЦИЈА НА ЕУ Време е да се обединиме, а не да се блокираме

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗДРАВКО ЧОЛИЌ НЕИЗМЕРНО ГОРД Помалата ќерка Лара блесна на матурата во фантастична креација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачка акција кај Задар: Потона брод, сите патници спасени

Sase Ivanovski

СТРУМИЦА ЈА ЧЕСТВУВА СВОЈАТА СПОРТСКА ЛЕГЕНДА – БЛАГОЈ ИСТАТОВ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Реакцијата на одбојкарите на Иран кога дознаа дека Израел ја бомбардира нивната земја

Sase Ivanovski

Преговорите со Вашингтон се бесмислени, тврди Иран

Sase Ivanovski

АНКЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕСУДНИ Вреди сѐ уште нема утврдени кандидатури за локалните избори

Sase Ivanovski

Никогаш не сме ставиле вето, рече Радев пред Сиљановска Давкова: „Бугарија не ве блокира“

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Започна ноќната офанзива на Иран врз Израел

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ бележи пад од 100.000 гласови од ланските избори

Sase Ivanovski

Иран издаде предупредување за евакуација на израелски новински ТВ-канали

Sase Ivanovski

Доказите за селективност при повратот на ДДВ владејачките партии ги имаат во своите штабови, вели Фатмир Битиќи

Sase Ivanovski

Руски генерал предупредува : Во тек е трета светска војна, Русија веднаш треба да мобилизира милион луѓе

Sase Ivanovski

Во Хрватска има недостиг од 284 матични доктори, повеќе од сто гинеколози и педијатри

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Трамп: Ако Русија не беше исклучена од Г7, немаше да има војна во Украина

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Кац го ублажува тонот: Израел нема намера да им наштети на жителите на Техеран

Sase Ivanovski

Трамп нуди „последна шанса“ за договор со Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – ЕУ која ќе потроши 150 милијарди евра за вооружување – ќе земе ли нешто Македонија?

Sase Ivanovski

Камион со 250 милиони пчели се преврте во САД

Sase Ivanovski

Болката од трагедиите не познава граници – Кочани и Гетеборг обединети во солидарноста

Sase Ivanovski

Почеток на нова ера: Гигантот „МАН“ сега прави електрични камиони, на иста лента со „дизелашите“

Sase Ivanovski

Русите тврдат дека уништиле украински штаб со Искандер

Sase Ivanovski

Трамповата деловна организација ја лансираше својата мрежа за мобилна телефонија „Трамп Мобајл“

Sase Ivanovski

Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе побара од ЕУ да го одложи гласањето за следниот пакет санкции против Русија

Sase Ivanovski

Иранскиот министер за надворешни работи вели дека САД би можеле да ги спречат нападите врз Израел со „еден телефонски повик“

Sase Ivanovski

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

Sase Ivanovski

Партиски извори на порталот PressOnline.al потврдуваат дека Арбен Таравари веќе остварил средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и постигнал договор за соработка за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Нема да има контрамитинг на Видовден

Sase Ivanovski

Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Sase Ivanovski

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Sase Ivanovski

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Sase Ivanovski

Радев: Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи

Sase Ivanovski

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Sase Ivanovski

Република Српска не го прифаќа британскиот план за центри за мигранти

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Израел го проби обрачот – сега целите во Техеран се на дофат, вели Нетанјаху

Sase Ivanovski

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО РАШИД БИН САИД АЛ-ХАЈАРИН,  В. Д. АМБАСАДОР НА КАТАР

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИМА ДВЕ ЦЕЛИ ВО ИРАН Нетанјаху ги замолува жителите на Техеран да го напуштат градот

Sase Ivanovski

„ВИЕ ПРОТЕСТ, НИЕ КОНТРА-ПРОТЕСТ“ Вучиќ закажа голем митинг за истиот ден кога студентите најавија голем собир

Sase Ivanovski

ЈА УДРИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ГО ЧИСТЕЛА ДВОРОТ Жена од Матејче без свет донесена во кумановската болница

Sase Ivanovski

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски Исток

Sase Ivanovski

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Sase Ivanovski

Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Sase Ivanovski

Две години суспензија за грчки АЕК, парична казна за Алкалоид

Sase Ivanovski

Маж им подлегна на повредите во Солт Лејк Сити откако по грешка бил застрелан додека протестирал против политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

Sase Ivanovski

Над 96 отсто од увозните производи ни доаѓаат со камиони, можно ли е верижно поскапување на храната?

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата доделува 1.570 стипендии за дуално образование, Министерството за здравство најавува дигитализација и бесплатни скрининг прегледи, рекордна поддршка за самовработување

Sase Ivanovski

Нина угина на 19 години во ЗОО Скопје: Овој вид на мајмуни имаат 40-годишен животен век!

Sase Ivanovski

Иран одамна заслужи да биде бомбардиран, Израел има право да се брани

Sase Ivanovski

Израелската опозиција застана на страна на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Ајатолахот умира, се подготвува наследник; Кој е навистина безмилосниот врховен водач на Иран, Али Хамнеи?

Sase Ivanovski

Иран бара од Трамп да ја скроти израелската офанзива, според „Волстрит журнал“

Sase Ivanovski

ГЕНИЈАЛЦИ, ОВА Е ПОПУЛИЗАМ ДО БЕСВЕСТ: Левица предлага работното време да се намали на шест часа дневно, а платите да останат исти

Sase Ivanovski

Израелскиот напад врз израелската државна телевизија остави неколку мртви

Sase Ivanovski

МВР тивко „крчка“ ганц-нов систем за пасоши и лични карти

Sase Ivanovski

Во Газа убиени најмалку 40 луѓе, половина од нив во близина на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош

Sase Ivanovski

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА СО РАСПАЉОТКАТА: Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази. Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Sase Ivanovski

Информативни денови за Опеартивниот план за вработување во Велес и Неготино

Sase Ivanovski

При израелски напад погодена иранската државна телевизија

Sase Ivanovski

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ се поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес

Sase Ivanovski

Европскиот суд на ревизори ја започна мисијата во земјава со средба со МЕП Муртезани

Sase Ivanovski

МПЦ ОА и ИВЗ издаваат под кирија хотели ресторани станови и деловни простори но УЈП не ги оданочува?!

Sase Ivanovski

Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Муцунски: Осум македонски државјани од Израел ќе пристигнат во Скопје со авион на Владата

Sase Ivanovski

Лишени двајца возачи во Куманово затоа што управувале возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski
Вчитувам....